spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот Битиќи беше домаќин на делегација од Јужна Кореја која ја предводеше...

Вицепремиерот Битиќи беше домаќин на делегација од Јужна Кореја која ја предводеше Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска беше домаќин на делегација од Јужна Кореја која ја предводеше Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја а кого го придружуваа Ли Хо-шик, амбасадор на Јужна Кореја во Република Бугарија, Парк Догмин, потпретседател на Стопанската комора на Јужна Кореја, Шин Кјиенгшол, потпретседател на „GS Engineering & Construction“, Хан Сујин, прв секретар на министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Ли Сеујеун, заменик-директор на „World Expo 2030 Busan“ и Хванг Јосун, директор на Котра.

Целта на посетата беше јакнење на билатералните односи како и развој на економската соработка помеѓу двете земји.

Господинот Јанг Сунг Мин го честиташе претседателствувањето на нашата земја со ОБСЕ кое е исклучително важно во оваа година кога на европскиот континент има отворен конфликт, на што вицепремиерот Битиќи се заблагодари истакнувајќи дека е чест и истовремено голема одговорност и од голема важност да се шират демократските и мировни вредности во вакви предизвикувачки времиња.

На средбата се согласија дека билатерални односи помеѓу Јужна Кореја и Северна Македонија, иако млади, се стабилни бидејќи и двете земји ги делат вредностите на мир, слобода и просперитет, како две демократски земји.

„Во Северна Македонија, како земја во која е членка на НАТО, гледаме голем потенцијал за развој на нашата економска соработка“, истакна Парк Догмин, потпретседател на Стопанската комора на Јужна Кореја, која има над 20.000 членки.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека Северна Македонија има голем потенцијал за инвестиции во енергетика, автомобилска индустрија, фармацевтскиот и агро секторот. На средбата беше заклучено дека ова нема да биде последна средба, дека набрзо е можно да се реализира и бизнис делегација од Јужна Кореја која ќе оствари директни бизнис средби со македонското стопанство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...