HomeМинистерстваМНР: Студенти беа дипломати на еден ден - Османи ги отвори вратите...

МНР: Студенти беа дипломати на еден ден – Османи ги отвори вратите на Министерството за идните лидери

spot_img
spot_img

Приоритетите на Северна Македонија во рамки на Претседателството со ОБСЕ, што активната дипломатска агенда оваа 2023 година значи за земјата, но и што е во фокусот на младите кога станува збор за иднината, беа темите на разговор на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи со студенти.

„Дипломатијата не е само работа, тоа е начин на живот кој бара емпатија, креативност и храброст. Како идни лидери, вие имате клучна улога во обликувањето на подобра иднина за сите и верувам дека ова искуство ќе ви помогне да станете посвесни, информирани и поодговорни глобални граѓани“, рече Османи пред студентите.

 

Османи истакна дека ставот на студентите за актуелните меѓународни прашања, како и за позицијата на Северна Македонија во геополитичките случувања се важни за обликувањето на насоката во која ќе се движи земјата.

„Со активно вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки, можеме да ја искористиме нивната енергија, креативност и страст за да се справиме со сложените предизвици со кои се соочуваме денес“, додаде Османи.

За време на посетата на МНР, студентите покрај деталите за работата на МНР што ги слушнаа директно од министерот Османи, имаа можност да погледнат каде се носат одлуките за важните теми од областа на меѓународната политика. Исто така, студентите изразија интерес за тоа како Северна Македонија ја спроведува програмата поврзана со Претседателството со  ОБСЕ и клучните активности во периодот што следи.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија