spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Ќе ја поддржи општина Крива Паланка во реализација на повеќе...

МЖСПП: Ќе ја поддржи општина Крива Паланка во реализација на повеќе проекти од областа на животната средина

Со цел имплементирање на мерки и активности на локално ниво кои ќе помогнат за подобрување на состојбата со отпадот и можностите за забрзан но одржлив економски развој на  општината, министерката за животна средина и просторно плaнирање планирање Каја Шукова, денеска во просториите на општинската администрација во Крива Паланка, оствари работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

МЖСПП ќе ја поддржи општина Крива Паланка во реализација на повеќе проекти од областа на животната средина(1)На средбата, градоначалникот Митовски информираше за тековните и планираните активности на локалната самоуправа, а министерката Шукова детално ги образложи начините на кои, преку своите програми за поддршка и развој, Министерството може да и помогне на општината во планирање, подготовка и имплементирање на проекти од областа на заштитата на животната средина.

DSC_0015[1]На состанокот, министерката Шукова изрази подготвеност и за стручна помош на општината при планирање, дефинирање и спроведување на мерки за отворање на зелени работни места и за унапредување на постојната состојба со отпадот, како дел од сеопфатните активности за подобрување на состојбата со животната средина во Крива Паланка, во интерес на сите нејзини жители. Воедно таа најави и доделување на околу 7 000 контејнери за предселекција на отпад кои МЖСПП ги намени за сите општини во РС Македонија, меѓу кои дел се предвидени и за општина Крива Паланка.

Заедничката соработка и координација помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна при справување со предизвиците во областа на животната средина, со што ќе се обезбеди повисок квалитет на живот за сите граѓани во нашата држава, се согласија соговорниците.

 

 

Извор:  Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...