spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Одбележан Денот на планетата Земја

МЖСПП: Одбележан Денот на планетата Земја

Со изложба на постер презентации изработени од ученици кои посетуваат настава во училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата и со практична демонстрација на ГЛОБЕ протоколите, денеска Министерството за животна средина и просторно плaнирање го одбележа 22 април, Денот на планетата Земја, кој оваа година се слави под мотото „Инвестираме во знаење – се грижиме за планетата“. На настанот, претставници од Министерството ги запознаа присутните ученици со работата на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух,говореа за неопходностаи за придобивките од редовното и навремено следење на квалитетот на медиумите од животната средина.

– Денеска со овој настан ги потврдуваме нашите заложби за спроведување на ГЛОБЕ Програмата која за нас претставува вонредно важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина преку нејзино спознавање и едукација на младите генерации, бидејќи тие се главни актери во промените за квалитетен живот и одржлива и зачувана животна средина, што ќе ја наследат од нас – истакна во своето воведно обраќање министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова.

8Таа додаде и дека овогодинешната тема за Денот на планетата Земја јасно се пресликува и во вредностите кои ги застапува ГЛОБЕ програмата, каде Р.С. Македонија е вклучена уште од 1998 година и чија практична обука ја поминаа околу 60-тина професори од државава.

4Воведни обраќања на настанот имаа и в.д амбасадорот на САД во РС Македонија Н.Е., Ерик Мејер и заменик координаторката на ГЛОБЕ Програмата, Ана Димишкова.

7На настанот беше доделена опрема, која е донација од МЖСПП, (инфрацрвени бесконтактни термометри) за 18 училишта, и уште 4 комплети за градинарство за четирите најактивни училишта за 2022 година.

5ГЛОБЕ програмата претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина. Ученици од над 38.000 училишта од 127 земји, работат според унифицирани протоколи во осознавање на различните медиуми на животнтата средина.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Министерот Таравари во посета на хируршките клиники – До петок...

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска по извршеното примопредавање на функцијата веднаш излезе на терен и ги посети хируршките клиники во клиничкиот комплекс,...