spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими на средбa во Ексим банка – Приоритет на Владата се...

МФ: Бесими на средбa во Ексим банка – Приоритет на Владата се инвестиции во инфраструктурни проекти коишто се двигател на економскиот раст

Реализација на крупни јавни проекти во областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката и заштита на животната средина се приоритети на Владата и Министерството за финансии, коишто се поставени високо на листата. За таа цел, во Буџетот за оваа година се проектирани 800 милиони евра за капитални расходи, што е скоро двојно повеќе во однос на претходната година. Отпочнати се повеќе проекти, за кои се обезбедуваат средства од Буџетот и од меѓународни финансиски кредитори. Можностите за обезбедување финансиски средства за проектите на кои работи државата беа тема на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими со претседателот на Одборот на директори на Ексим  банка, Рeта Џо Луис, на која присуствуваа  и заменик-потпретседателот Рита Мурел и вишиот потпретседател, Уфо Ерик Атуани.

„Станува збор за стратешки инфраструктурни проекти, чија реализација е повеќегодишна и кои ќе бидат значаен двигател на економијата и ќе дадат придонес во економскиот развој на земјата, која се стреми да стане членка на ЕУ. Следува значаен инвестициски циклус на проекти, не само во патната и железничка инфраструктура, туку и во здравството, образованието, дигитализацијата и иновациите, зелените инвестиции и слично. Дополнително, покрај средствата обезбедени од Буџетот, очекуваме, со спроведувањето на усвоениот владин План за забрзување на економскиот раст, да поттикнеме и приватни инвестиции, коишто заедно се проценуваат на околу 12 милијарди евра“,  рече министерот Бесими.

Тој се осврна на конкретните проекти што се реализираат во земјава, нивната финансиска конструкција и поддржувачите на тие проекти, како Светска банка, ЕБОР, ЕИБ, КфВ, УНДП, фондовите на ЕУ и слично. Притоа, посочи дека портфолиото на јавни проекти што се спроведуваат во соработка со меѓународните финансиски институции, во следниот седумгодишен период се проценува на околу седум милијарди евра. Исто така, упати и на активностите што се преземаат со цел проектите да имаат успешна реализација.

Министерот Бесими, во рамки на посетата на САД, ќе оствари средби и во Трезорот на САД и ќе учествува на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...