HomeМинистерстваМОН: По усвојување на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе...

МОН: По усвојување на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе продолжи редовната исплата на зголемениот надоместок

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука информира дека во соработка со пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се работи на унапредување на законското решение за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира меѓудругото и зголемување на дневниот паричен надоместок.

Предлог измените на законот за новото системско решение се во собраниска процедура и по нивно усвојување, исплатата ќе продолжи редовно, а студентите кои го остваруваат ова право, на своите трансакциски сметки ќе го добиваат зголемениот износ.

Министерството дава поддршка за побрзо донесување на законските измени, а во меѓувреме ги врши сите потребни подготовки, односно собирање на потребните информации од надлежните институции за брза исплата на средствата, веднаш по стапување во сила на измените на законот.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија