spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Зголемен контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт помеѓу Северна...

МТВ: Зголемен контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт помеѓу Северна Македонија и Германија

Вчера во просториите на Министерството за транспорт и врски се одржа средба на македонско-германска мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства.

На средбата претставниците на Комисијата се согласија за поголема соработка помеѓу Северна Македонија и Германија со цел развој на товарниот транспорт.

На средбата се потпиша Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе придонесеме за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.

Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји.

Ова е уште една потврда на добрите политиките на Министерството за транспорт и врски преку кои македонските транспортери добиваат поголема можност за соработка со своите германски партнери во меѓународниот патен превоз.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...