spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

АХВ: Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

Функционален и оперативен е воспоставениот систем за заштита од болеста лишавка и шап  во Република Северна Македонија, заклучија на завршниот состанок   стручни лица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора. Тие вчера, заедно со  претставници од Ветеринарната комора на РСМ и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, на фарма во скопското село Петровец ја реализираа симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап.

 

Целта на вежбата која вчера се спроведе на терен беше проверка на плановите за итни мерки за справување со оваа болест и тестирање на воспоставените процедури во двете земји, со цел утврдување дали има и кои се недостатоците, соодветно да се направат корекции на истите, за да се обезбеди висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална најзина појава – вели директорот на АХВ Николче Бабовски.

 

 

2

 

На состанокот кој се одржа денес, учесниците направија евалуација на подготвеноста на плановите за итни мрки за справување со оваа болест и ги  утврдија добрите, но и слабите страни на одговорот при евентуална појава на болест кој вчера беше симулиран на терен.

 

Симулациската вежба за болеста лигавка и шап Агенцијата за храна и ветеринарство ја организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап (EuFMD и Факултетот за ветеринарна медицина Скопје.

 

Успешно спроведена симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап

 

За спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста лигавка и шап, заклучи Бабовски, информирана беше и Светската организација за заштита на животните – OIE.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...