spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГрковска на ЕСГ Самитот на Западен Балкан: Женското лидерство го збогатува пристапот...

Грковска на ЕСГ Самитот на Западен Балкан: Женското лидерство го збогатува пристапот во справувањето со сите колективни предизвици

„Иднината во која жените се вклучени во сите општествени процеси во иста мера и со исто влијание како мажите, иднината во која жените целосно ги уживаат своите права, но и го преземаат својот дел од одговорноста во градењето на нашите општества, економии и животи, не смее да биде далечна проекција, туку треба да се испорача од нашата генерација“, истакна Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во онлајн обраќањето на ЕСГ Самитот на Западен Балкан.

Таа истакна дека за разлика од развиените земји кои го решија ова прашање, во нашиот регион сè уште се соочуваме со различни бариери, кои се вкоренети во стереотипите за жената и традиционалните погледи за нејзината улога во семејството и општеството, што претставува огромно ограничување за развојот.

Самитот, кој деновиве се одржува во Тиват, Црна Гора, е посветен на теми од животната средина, одржливиот развој и одговорното управување (ЕСГ), со учество на регионални и глобални владини и деловни лидери и експерти.

Вицепремиерката Грковска ја отвори панел дискусијата посветена на родовата еднаквост, диверзитетот и женското лидерство, во чии рамки се промовира и новата регионална иницијатива за унапредување на родовата еднаквост во процесите на носење одлуки „Adria Women on Boards“. Поздравувајќи ја оваа иницијатива, таа порача дека паралелно со остварувањето на основната цел за поголемо учество на жените во процесите на донесување одлуки во светот на бизнисот, треба да се истакнува важноста на женскиот пристап во справувањето со останатите колективни предизвици и во подобрувањето на животот на сите граѓани од регионот.

„Силно ги поддржувам ваквите регионални поврзувања, бидејќи проблемите и пречките се заеднички за сите земји во регионот. Затоа, учењето еден од друг, размената на искуства, практики и пристапи, води кон подобрување на положбата на жената и до севкупен напредок на нашите општества. Во таа насока, како Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, неодамна го иницирав формирањето на Форумот на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа. Овој форум е посветен на прашања кои се важни за сите нас. Прашања кои се клучни за натамошната демократизација на нашите земји, за економскиот развој, за општествениот напредок“, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање на ЕСГ Самитот на Западен Балкан.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...