Директорот на Агенцијата за млад и спорт Наумче Мојсовски ја покани нашата натпреварувачка во таеквондо Мила Рељиќ која со само 19 години е 11-та на светската ранг листа и сериозен кандидат за обезбедување на олимписка норма.
Златните медали од Г1 турнир во Скопје, Светското клубско првенство во Талин- Естонија, Израел, деветото место од Светското во Мексико, како и бронзите од Загреб и Црна Гора, како и претстојните настапи на Светското првенство во Баку и Европските Олимписки игри во Краков, се причини за кои Агенцијата организираше прием за Мила и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.
-Поддршката кон спортистите и националните спортски федерации е нешто што е приоритет во работата на Агенцијата за млади и спорт, особено кога се во прашање спортисти од кои многу се очекува во иднина. Задоволство е да се дебатира за врвни резултати и остварувања, истакна Мојсовски.
Тренерот Ефтимов е задоволен од формата во која се наоѓа Мила и реални се очекувањата кога станува збор за обезбедување олимписка норма, за која е многу битен резултатот од Баку и Краков и учеството и остварениот пласман на престојниот Г1 турнир во Рим закажан за јуни.
Извор: Агенција за млади и спорт