spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССПротест на КСС по повод 1 МАЈ- Меѓународниот ден на трудот

Протест на КСС по повод 1 МАЈ- Меѓународниот ден на трудот

Денес, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своите членови излезе пред Владата симболично правејќи пикник со ќебапчиња за да се искаже незадоволството од игнорирањето на работниците, борбата против прекршување на работничките права, прекршувањето на законите и колективните договори и сите заложби на синдикатите кои постoјано се игнорираат. Изминатите неколку години работникот е доведен до најниско ниво ако се земат во предвид сите општествени услови за живеење, инфлацијата и немањето слух од страна на Владата за сите права кои постепено му се одземаат на работникот во државата, затоа една од паролите на протестот беше ” Ќебапче за работникот, бифтек за власта”.

Претседателите на гранските синдикати кои земаа збор на протестот порачаа дека овој протест е само симболичен, но дека ако и во иднина се продолжи со ова угнетување на работникот ќе се соочат со поголем отпор и дека синдикатот ќе преземе и други синдикални мерки.

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...