Се известуваат жителите на Општина Илинден дека Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2023 година, е реализиран поради целосно искористување на финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Илинден за оваа намена.
Општина Илинден им се заблагодарува на сите жители кои покажаа голем интерес за учество на Јавниот повик, а за сите досега поднесени барања, барателите ќе бидат поединечно известени.
Извор: Општина Илинден