Карпош: Реорганизацијата на училиштата ќе биде во корист на сите ученици

ОпштиниКарпош: Реорганизацијата на училиштата ќе биде во корист на сите ученици

Најчитано

Започнувајќи од денеска, официјално во тек е уписот на првачиња во основните училишта низ Карпош за учебната 2023/2024 година, кој ќе биде отворен до крајот на месецот. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски даде изјава за медиумите, во која ги образложи деталите од овој процес.

 

Според списокот на Министерството за внатрешни работи, евидентирани се околу 720 дечиња кои треба да се запишат во прво одделение, а според евиденцијата на детските градинки во Карпош, догодина треба да се запишат околу 615 деца. Секако, овде треба да се земат в предвид и децата кои посетуваат приватни градинки, како и дечиња кои не се запишани во предучилишните установи – рече Јакимовски.

Првиот човек на Општината посочи дека одредени училишта се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи има поголем број на ученици кои треба да посетуваат настава дури и во три смени.

 

Од друга страна пак, имаме училишта кои немаат доволен број на основци, а сето тоа е благодарение на предрасуди кај родителите за да не се користат одредени школски установи, додека пак имаме притисок кон другите училишта. Токму во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле каде што се наоѓаме денеска, постои голем притисок за упис на првачиња, така што во оваа установа имаме 1.010 ученици. Од тие причини, Советот на Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација, според која што основците кои се запишуваат во прво одделение а живеат на локацијата од ул. Рузвелтова до ул. Брадфордска, ќе учат во ООУ „Војдан Чернодрински“ – истакна градоначалникот Јакимовски.

 

 

Општинскиот татко, во овој случај прецизираше дека основците од населбата Долно и Средно Нерези, како и од населеното место Тафталиџе, ќе посетуваат училишна настава во ООУ „Братство“, односно реонизацијата за нережани започнува од пред влезот на фабриката Реплек.

 

Ова го правиме од крајна нужда, затоа што нема доволно училишта, а дополнителен проблем ни создава и потребата, тие да ја организираат својата настава во „деветолетка“, додека пак знаеме дека сите училишта предвидуваат осум годишна настава. Тоа значи дека во секое училиште ни се потребни дополнителни четири или пет училници. Бидејќи ова е одлука на Советот на Општина Карпош, ве упатувам дека неа не смее да ја крши никој, вклучувајќи ме тука и мене, како и директорите на училиштата – беше концизен Јакимовски.

 

 

Тој ги замоли граѓаните да имаат почит за проблемите со кои се соочуваат основните училишта во Карпош, во насока на обезбедување на поквалитетно образование.

 

 

 

Одговорно тврдам дека е многу подобро, вашето дете да учи во одделение со 18-24 деца, наместо во одделение со 34 ученици, каде што условите се поинакви. Затоа сметаме дека овој процес на реонизација кој го правиме е од интерес на сите ученици, бидејќи во краен случај целта ни е да им понудиме подобри услови за едукација. Во исто време, ги замолувам сите оние коишто не се жители на нашата локална самоуправа, исто така да се придржуваат кон правилата кои се утврдени со реонизацијата и да не прават дополнителни притисоци, бидејќи одлуката на Советот на Општина Карпош е донесена со консензус на сите советнички групи и неа мораме да ја почитуваме сите – финишираше Јакимовски.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

 

 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе