Во завршна фаза е челична конструкција на новиот затворен фудбалски терен со специјална вештачка трева, во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”.
Започнаа активностите за уредување на теренот и подлогата за поставување на вештачката трева.
Во изминатиот период Општина Бутел инвестираше во изградба на голем број спортско рекреативни центри, нови фудбалски игралишта, нови кошаркарски игралишта како и нови детски игралишта.
Општина Бутел континуирано ги подобрува условите за спорт и рекреирање на граѓаните.
Извор: Општина Бутел