spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба на ЗМНР Исаки со претседавач на Групата за соработка од...

МНР: Средба на ЗМНР Исаки со претседавач на Групата за соработка од Парламентот на Република Австрија

Завчера , заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки ја прими Штефани Криспер, претседавач на Групата за соработка од Парламентот на Република Австрија со Групата за пријателство во Собранието на Република Северна Македонија.

 

На средбата беа поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи кои двете држави ги негуваат изминатите три децении и беше изразено задоволство од континуираната и силна поддршка од Република Австрија за европското досие на Северна Македонија. Вокалната и постојана поддршка од Република Австрија се пресликува во сите сектори, не само во развиената билатерална соработка и интензивниот политички дијалог, туку и во парламентарната соработка, истакна заменик министерот Исаки.

Заменик министерската Исаки високо ја оцени соработката која се одвива во парлментарната димензија пресликана преку честата размена на посети на двајцата претседатели на Парламенти како и средбите на Групите за пријателство меѓу двете земји. Посебно се осврна на важноста на проектот за стажирање во австрискиот Парламент наменет за парламентарните службеници од нашата земја.

Претседателот на австриската Група за пријателство, Штефани Криспер истакна дека парламентарната соработка е на високо ниво, а австрискиот Парламент ќе продолжи да се залага за што поскоро интегрирање на сите земји од Западен Балкан во Европската унија. Криспер нагласи дека проширувањето е најмоќниот инструмент на Европската Унија и воедно, кохезивен елемент кој дава перспектива на младината како во Северна Македонија, така и на Западен Балкан. Во овој контекст ја поздрави реформската агенда на Владата на Република Северна Македонија со акцент на претстојните уставни измени.

На средбата стана збор и за мултилатералната соработка во рамки на ОБСЕ и активностите во рамки на нашето претседавање и претседавањето на Република Северна Македонија со САД-Јадранска повелба А5.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...