Директорот на Агенција за млади и спорт го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка .
Над 200 кајакари од 18 земји , ќе учествуваат на натпреварите закажани од среда 17ти мај па се до сабота 20мај.
–Агенцијата за млади и спорт со задоволство учествува како партнер на Кајак Федерацијата во организација на ова Европско, кое за нас како институција и пред се држава е од големо значење. Кајак федерацијата е активно посветена и присутна во сите случувања на европско и светско ниво, истакна диреторот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави.
На пресот организиран во АМС со свое видување се обрати и г-ѓа Мануела Гвен, претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација.
Среда и четврток првите два дена од првенството се трка во спуст класик , а последните два дена се трките во спуст спринт.
Од првите два дена натпреварите ќе можат да се следат на live stream на you tube каналот на Европската кајак асоцијација, а финалињата во сабота ќе бидат пренесувани во директен пренос на МРТ.