spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европски кајак спуст на Матка

АМС: Европски кајак спуст на Матка

Директорот на Агенција за млади и спорт го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка .

Над 200 кајакари од 18 земји , ќе учествуваат на натпреварите  закажани од среда 17ти мај па се до сабота 20мај.

Агенцијата за млади и спорт со задоволство учествува како партнер на Кајак Федерацијата во организација на ова Европско, кое  за нас како институција и пред се држава е од големо значењеКајак федерацијата е активно посветена и присутна  во сите случувања на европско и светско ниво, истакна диреторот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави.

На пресот организиран во АМС со свое видување се обрати и г-ѓа Мануела Гвен, претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација.

Среда и четврток првите два дена од првенството се трка во спуст класик , а последните два дена се трките во спуст спринт.

Од првите два дена натпреварите ќе можат да се следат на live stream на you tube каналот на Европската кајак асоцијација, а финалињата во сабота ќе бидат пренесувани во директен пренос на МРТ.

-Очекуваме влез во финалните трки за македонските кајакари Александар Златанов и Кристијан Лазаров. По 2017 година, ова е второ ЕП на кое сме домаќини и се надеваме дека следно ќе имаме можност да добиеме организација за светско првенство, истакна Леши.

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...