spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Македонија ќе добие самостојна анти-допинг агенција по примерот на останатите современи...

АМС: Македонија ќе добие самостојна анти-допинг агенција по примерот на останатите современи земји

На конференција организирана од Агенција за млади и спорт во борбата против допинг разменивме искуства со врвните експерти во Анти допинг областа, професорите д-р Зоран Ханџиски, д-р Ели Ханџиска и д-р Илија Стоилов кои ги предочија последиците од користењето допинг во спортот!
Во нашата држава досега постоеше само Комисија за анти-допинг, која е составен дел од Агенцијата за млади и спорт.
Со ова ќе се испочитуваат правилата на светската анти допинг организација (WADA) и ќе се овозможи комплетна независност во работењето!
Независната анти допинг агенција ќе биде силна контрола, ќе придонесе во борба против допингот во спортот и ќе ја намали фреквенцијата на допинг супстанци и останати забранети допинг средства и методи!
Допингот е недозволив и е причина за крај на кариерите на многу врвни спортисти!
Допингот во спортот е забранет од етички но и од медицински причини, има последици по здравјето и по иднината на спортот!
Допингот спречува фер игра и поттикнува несоодветно натпреварување и неправилна конкуренција!
На спортистот му е потребен добар тренинг, здрав живот и посветеност!
Секој внес на недозволени супстанци во своето тело се граничи со измама за реалната подготвеност на телото!
Едукацијата во анти допинг областа потребно е да се реализира од најмала возраст на спортисти, но и за деца кои рекреативно се занимаат со спорт!

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво...