spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Политички консултации меѓу ЗМНР Исаки со ЗМНР на Литванија, Јовита Нелиупшене

МНР: Политички консултации меѓу ЗМНР Исаки со ЗМНР на Литванија, Јовита Нелиупшене

Во министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Фатмире Исаки одржа политички консултации со заменик министерот за надворешни работи на Република Литванија Јовита Нелиупшене.

 

ЗМНР Исаки, се заблагодари за континуираната поддршка која Република Литванија ја дава на Република Северна Македонија во процесот на целосна интеграција во ЕУ.

 На политичките консултации на двете делегации надвладеа темите на унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, соработката во рамките на ЕУ интеграциите, подготовките околу самитот на НАТО Алијансата што ќе се одржи во главниот град на Литванија-Вилниус,  како и безбедносната ситуација во регионот на ЈИЕ.

Во рамките на ЕУ интеграциите, ЗМНР го запозна соговорникот за спроведувањето на реформите од европската агенда, со посебен акцент на обновениот дијалог со соседна Бугарија и воспоставувањето на солидна основа за јакнење на довербата и соработката во клучните сектори од интерес и унапредувањето на добрососедските односи.  Соговорниците исто така се осврнаа и на актуелните теми на политички и безбедносен план во земјите од Западен Балкан. ЗМНР Исаки брифираше за улогата на Северна Македонија во Регионот и нејзината проактивна улога во промовирањето на  регионалниот мир, стабилност и решавање на отворените прашања преку дијалог и разбирање.

Од своја страна заменик министерот Нелиупшиене ја повтори силната посветеност која  Литванија ја два во рамките на НАТО и соработката за одржување на безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан. Нагласи дека Литванија како земја кој е дел од  Групата на земји членки “Пријатели на проширувањето” ги препознава и поздравува  резултатите во реформскиот процес на нашата земја и увери дека Литванија ќе продолжи и во иднина да не поддржува со несмалена динамика.  

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте