spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Меморандум на соработката со даночната администрација на Босна и Херцеговина

УЈП: Меморандум на соработката со даночната администрација на Босна и Херцеговина

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорот на Даночната управа за Индиректно Оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула во Бања Лука, потпишаа Меморандум за соработка.

Директорката Лукаревска истакна дека на иницијатива на Управата за јавни приходи а со цел намалување на даночната евазија во континуитет потпишуваме Меморандуми за соработка со даночните администрации во регионот.
„Со потпишувањето на овој значаен документ, се овозможува преку размена на знаење и вештини да го подобриме работењето на двете администрации, се создава можност за откривање, превенција и намалување на даночната евазија а се креираат и услови за поттикнување на доброволната усогласеност како и предвидлива даночна клима за стопанството и инвеститорите. Добрите соработки со даночните администрации кои веќе се воспоставени, преку Меморандумите за соработка уште повеќе ги зајакнуваме и заеднички креираме услови за зацврстување на примената на добра пракса во областа на даноците,, – рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорот на Даночната управа за Индиректно Оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула, појасни дека со овој Меморандум, уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката помеѓу двете земји. „ Бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните, со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство и трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи како и поттикнување на доброволната усогласеност.“ – појасни директорот Џакула.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...