spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Со европскиот Центар за современи јазици се продолжува меѓусебната соработка

АПЈ: Со европскиот Центар за современи јазици се продолжува меѓусебната соработка

„Градење повеќејазично и интеркултурно образование за демократиите на 21 век“, е темата на предавањето што професорката Андреа Јанг го одржа пред преведувачите, лекторите и другите лингвисти поканети од страна на Агенцијата за примена на јазикот.

Професорката Андреа Јанг е предавач на Универзитетот во Стразбур на Факултетот за образование и за доживотно учење, со повеќегодишно искуство од областа на лингвистиката.

Директорот на АПЈ, Ардијан Муслиу, пред почетокот на предавањето, ѝ подари на г-ѓа Јанг публикации во издание на АПЈ и истакна: „Чест ни е и задоволство е што ја прифативте поканата од страна на Агенцијата да бидете дел од настанот организиран во соработка со Европскиот центар за современи јазици во Грац, Република Австрија. Како човек што доаѓа директно од образовниот сектор и кој има долгогодишно искуство со студенти, ми претставува посебно задоволство што на денешниот настан ќе ги обучиме нашите преведувачи и лектори токму на темата „Мултикултурализам и мултијазичност од денешен аспект“.

Координаторот на проектот, Лазо Матовски, во врска со соработката на АПЈ со ЕЦМЛ, информираше: „Соработката започна пред една година, кога добивме покана од страна на овој центар, по која претсавници на АПЈ ја посетија оваа институција, којашто функционира во рамките на Советот на Европа. АПЈ аплицираше со својот проект, кој како содржина има плуралистички пристапи кон јазиците и кон културите. Предавањата на професорката Андреа Јанг се фокусираа на концептите, на прашањата и на главните предизвици, а се однесуваа на повеќејазичното и на интеркултурното образование за демократска култура.

На предавањата, покрај лингвистите на АПЈ, учествуваа и претставници од Министерството за образование и наука, претставници од Државниот инспекторат за образование, од Стручниот образовен центар, како и лингвисти од различни образовни институции. Агенцијата му се заблагодарува на Европскиот центар на современи јазици за досегашната соработка, истакнувајќи отвореност за нови проекти во иднина.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните

Прочитајте

МЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво...