spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: И учениците од „Братство“ се вклучија во кампањата за борба против...

ДКСК: И учениците од „Братство“ се вклучија во кампањата за борба против корупцијата

Учениците од училиштето „Братство“ од скопската населба Тафталиџе се вклучија во кампањата „Бидете херои на чесноста“ за борба против корупцијата и со своето учество станаа херои на чесноста со цел да се воспоставуваат вредности и интегритет за придвижување на општеството кон антикоруптивни практики.

„Заедно со родителите имаме должност кон општеството, да создадеме млади луѓе чии животни принципи ќе бидат чесноста, интегритетот и етичноста. Свесни сме дека брзиот технолошки развој донесе свои предизвици, а темпото на живот диктираше нови правила во сите сегменти од општественото живеење, но сепак мора да започнеме со промени, а со тоа да им го покажеме вистинскиот пат на учениците уште во рана возраст, за да бидат подготвени кога ќе се соочуваат со непријатни ситуации со себе да носат вистински вредности, изјави директорката на училиштето, Јадранка Поповски.

Оваа кампања е по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата како дел од Активноста за антикорупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје,  финансирана од  УСАИД.

„Децата во животот треба да работат со срце и ум. Тоа значи да бидат воспитани, да почитуваат, но треба и да се образуваат, но не е поентата да учат за оценка, не е поентата да го поминат приемниот испит и да успеат по секоја цена. Важно е да научат, затоа што само со наука, со професионализам и личен развој човештвото може да оди напред. Токму затоа, заедно со родителите и наставниците да им го покажеме патот на посветеност за борба против корупцијата и негување култура на транспарентност и одговорност“, истакна Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Преку кампањата ученците и ученичките се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

„Сите држави имаат проблем со корупција, но во различен обем. Оваа таканаречена социјална болест во државата несомнено негативно влијае врз економијата, ја поткопува социјалната стабилност и ја нагризува јавната доверба. Јавните дебати, разменувањето на мислења, вклучувањето на темата во образовните програми, се активности кои ќе придонесат за побрзо сузбивање на корупцијата.“, порачаа од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.

До крајот на годината предвидено е да се посетат вкупно 13 училишта во кои ќе се едуцираат учениците и ученичките како да се сузбие корупцијата во земјава. Првиот настан од кампањата се одржа во основното училиште  „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош, како и во општина Центар во училиштето „Коле Неделковски“. Настаните започнуваат со интерактивен разговор на учениците со познатите актери Игор Ангелов и Фисник Зекири, во својство на водители на едукативното предавање, а според сценарио на режисерката и сценаристката Елеонора Венинова.

 

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МЗ: Министерот Таравари во посета на хируршките клиники – До петок...

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска по извршеното примопредавање на функцијата веднаш излезе на терен и ги посети хируршките клиники во клиничкиот комплекс,...