spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири на одбележувањето на јубилејот по повод 20 години Е-бизнис департман...

МОН: Шаќири на одбележувањето на јубилејот по повод 20 години Е-бизнис департман на Економскиот факултет при УКИМ

 

Шаќири на одбележувањето на јубилејот по повод 20 години Е-бизнис департман на Економскиот факултет при УКИМ 

Да бидеш лидер во својата струка, а истовремено и да ги поставуваш темелите за изучување на е-бизнисот како гранка од економијата, пред сè значи да имаш визија и смелост да чекориш по трнливиот пат, за да можеш да создадеш стручни лица кои ќе го предводат тргувањето на пазарот на стоки и услуги користејќи ги современите дигитални алатки.

 

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на јубилејот по повод 20 години Е-бизнис департман при Економски факултет-Скопје.

– Со брзиот технолошки развој и особено со развојот на интернетот и социјалните медиуми, компаниите се исправени пред предизвикот континуирано да се прилагодуваат на тие промени и да бидат генератори на иновации и нови бизнис модели базирани на технологии, со цел да држат чекор со конкуренцијата на домашниот и меѓународниот пазар. Дигиталната трансформација на работењето е од клучно значење за постигнување деловен успех, но и за опстанок во глобалното и динамично окружување и во приватниот и во јавниот сектор, рече Шаќири.

 

Клучната алка, напомена министерот, за реализација на овие стратегиски активности е стручниот и компетентен кадар кој ќе може во целост да одговори на овие предизвици.

– Креирањето кадри, подготвени да одговорат на модерното денешно време, ми дава за право да изразам огромна благодарност за Вашето досегашно залагање, но и порака до еден од најстарите факултети во земјава, Економскиот факултет да продолжи по својот пат, да биде инвентивен во студиските програми и носител на промените, изјави министерот Шаќири.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

 

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Секој електронски документ кој е изработен од државен...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ...