spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и СБ – Нашата...

МФ: Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и СБ – Нашата заложба како Влада е обезбедување долгорочна фискална одржливост, економски раст и развој

„Заложбата на Владата на РС Македонија е да обезбеди долгорочна фискална одржливост. Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Оттука, постепено го намалуваме буџетскиот дефицит, за да ги намалиме потребите за нови задолжувања, истовремено внимавајќи да не ја загрозиме развојната компоненета, бидејќи забавувањето на растот подеднакво произведува негативен ефект врз фискалната одржливост“, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на панел дискусија одржана во рамки на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка во Тиват, Црна Гора.

Министерот Бесими  учествуваше на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики?“, на која дебатираа гувернерите  на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања  имаа и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Бесими посочи дека во услови на преклопување на неколку глобални економски кризи, потребна е добра координација помеѓу  фискалната и монетарна политика. Во таа насока министерот истакна дека додека за време на ковид-кризата имаше потреба од експанзивна фискална политика поддржана од олабавена монетарна политика за да се раздвижи економската активност, за време на инфлациските пристисоци фискалната политика треба да пружи поддршка во настјувањата преку монетарната политика да се заузда побарувачката и да се влијае на ценовните притисоци, преку фискална консолидација, особено преку внимателно управување со расходната страна. Министерот Бесими потенцираше дека нашата Влада во оваа насока има донесено Стратегија за фискална одржливост, а спроведува и низа мерки со кои постепено се намалува јазот помеѓу приходната и расходната страна на буџетот, што е видливо преку стеснувањето на буџетскиот дефицит од година во година.

Министерот сепак потенцира дека фискалните власти треба да внимаваат на ранливите категории граѓани, како и на секторот мали и средни претпријатија, на кои им е потребна поддршка. Фискалната политика тука треба да ја одигра својата улога и да ги заштити овие субјекти, како и да ја заштитат економијата.Тој исто така истакна  дека креаторите на политиката треба да  дадат приоритет на реформите и јавните инвестиции коишто поттикнуваат раст, влијаат кон фискалната одржливост и ја забрзуваат зелената транзиција.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на Состанокот на Конституенцата  оствари билатерални средби со  заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...