spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алиу оствари работна средба со ректорите на универзитетите на РСМ

МИОА: Министерот Алиу оствари работна средба со ректорите на универзитетите на РСМ

Размената на искуства и можностите за соработка беше во фокусот на денешната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и ректорите на универзитетите на Република Северна Македонија.

Министерот Алиу ја истакна важноста на дигиталната трансформација во сите сфери на општеството, особено во високообразовната дејност.

“ Денеска ги започнавме и консултациите со ректорите на сите универзитети во нашата земја за унапредување на високото образование на друго ниво преку дигитализација.

Технологијата е дел од нашето секојдневие. Дигитализацијата има свои позитивни страни и каде може да се прифати подобро отколку во образованието, токму таму го има својот извор, за да се постигне широко распространета употреба кај населението.

Затоа, во овој разговор се договоривме дека тесно ќе соработуваме за подобрување на дигитализацијата на универзитетите и ќе ги реализираме неопходните инвестиции во напредни технолошки платформи, за да се соочиме со предизвиците на времето и да го одржиме и гарантираме квалитетот на образованието. “, рече министерот Алиу.

Во таа смисла посочи дека МИОА е отворена за соработка, вклучувајќи и во однос на подобрување на ефикасноста на административните процеси во високообразовните институции.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...