spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Градиме партнерства за зелен развој и зачувување на животната средина

МЖСПП: Градиме партнерства за зелен развој и зачувување на животната средина

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова оствари работна средба со директорот на Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP) во Северна Македонија, Нехат Рамадани.

На средбата се разговараше за развивање на  соработката во области од заеднички интерес со кои ќе се овозможи зелен економски раст во државата  и заштита и унапредување на квалитетот на  животната средина.

3CNVP е холандска фондација основана 2012 година, која преку подружници работи и делува на Балканот и во моментов спроведува проекти во Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. CNVP веќе има воспоставена добра соработка со меѓународни организации, здруженија што делуваат на територијата на нашата држава и има реализирано успешни проекти со кои се заштитува животната средина и се подобрува квалитетот на животот на локалното население.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...