spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с....

МТСП: Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со  Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин во село Градец во општина Врапчиште официјално го отворија новиот центар за лица со попреченост.

„Денес официјално отвораме дневен центар за лица со попреченост, изграден и опремен според потребите и барањата на лицата од оваа општина. Дневните центри претставуваат мост меѓу социјализирањето, учењето на нови вештини и нови активности на лицата со попреченост. Тука ќе можат да го поминуваат времето и да го поддржат својот развој лица со физички, интелектуални и комбинирани пречки“ рече Тренчевска во нејзиното излагање.

Министерката истакна дека за неа најважно е задоволството на граѓаните и дека нејзините активности на терен и посетите во дневните центри овозможуваат таа лично да биде сведок за придобивките кои ги имаат граѓаните од ваквите центри.

„Општина Врапчиште за прв пат воспоставува Дневен центар за лица со попреченост што претставува суштинска трансформација во однос на создавање на соодветна средина за учење, грижа во текот на денот, социјализација и инклузија за најранливите членови на нашата заедница“ истакна Исен Шабани, градоначалникот на Општина Врапчиште на настанот.

Шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин се задржа на проектите кои се спроведуваат во општините со цел унапредување на квалитетот на живот на лицата кои живеат во нив. Тој истакна дека секоја општина треба да им овозможува на своите жители соодветна грижа за децата и лицата со попреченост.

По обраќањата во дворот на центарот беа посадени цвеќиња од страна на присутните.

Центарот е отворен преку проектот „Интегрирана и инклузивна општина Врапчиште – За сите!”, кој се спроведува во рамки на ИПА II Годишна Програма за Република Северна Македонија за 2020 – ЕУ за општините. Подобрување на општинските услуги преку иновативни концепти. Проектот е спроведен од страна на Општина Врапчиште и Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ).

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте