HomeМинистерстваМНР: Османи во Братислава со бројни билатерални средби

МНР: Османи во Братислава со бројни билатерални средби

spot_img
spot_img

Бројни билатерални средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на првиот ден на неговото учество во Форумот за безбедност ГлобСек во Братислава, меѓу кои со Пјер Ејброн, специјален пратеник на Франција за обнова и помош на Украина, од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.

Во фокус на разговорите беше европскиот пристапен процес на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, при што Османи ја реафирмираше заложбата за развивање на соработката меѓу државите од Западен Балкан како единствен пат кон прогрес и европска иднина. Додека во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи ги брифираше соговорниците за напорите на Организацијата за приоритетот број 1.

„ОБСЕ е присутна во Украина, го поддржува украинскиот народ и од блиску ја набљудува  состојбата. Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите механизми на ОБСЕ за обезбедување на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право од страна на Русија” истакна.

Министерот оствари средба и со Светлана Тихановскаја, претставник на белоруската опозиција, на која ја нагласи поддршката за белорускиот народ  во борбата за демократија и слобода, истакнувајќи ја потребата од итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници од режимот на Лукашенко.

Во текот на утрешниот ден, Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на иднината на проширувањето на Европската Унија, а ќе учествува и на неколку други тркалезни маси и панел дискусии. На агендата на Османи за време на престојот во Братислава се и бројни билатерални средби со свои колеги.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија