spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Доделени грантови за реализација на иновативните проекти на студенти-иноватори

Гази Баба: Доделени грантови за реализација на иновативните проекти на студенти-иноватори

Во рамките на проектот “Предизвик за студенти иноватори” градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за реализација на иновативните проекти на студентите кои студираат на факултетите со седиште во општината.

Овој проект општина Гази Баба го реализира со цел поддршка на студентите, но и градење на иновативна култура во рамки на факултетите во општина Гази Баба.

Реализацијата на овој проект има три цели:

– Потикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.

– Да се мотивираат студентите да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.

– Да се охрабрат студентите со менторска поддршка на своите професори да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница.

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...