spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските...

Маричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските компании

Вчера во Брисел на билатералната скрининг агенда е Поглавје 20, „Претпријатија и индустриска политика“ на која заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето воведно излагање рече дека фокусот на Владата е насочен кон усогласување со пазарот на ЕУ, кој се карактеризира со конкуренција и иновации, како и на политички мерки и инструменти за намалување на последиците од енергетската криза, кои забрзаа неколку реформски процеси.

-Позитивните ефекти што ги носи примената на европски политики и стандарди во оваа сфера, се врз севкупниот развој на македонската економија. Владата усвои амбициозен план за забрзан раст 2022-2026 година. Комбинирано финансирање и зголемувањето на приватните инвестиции се во сржта на Планот, со неколку инструменти фокусирани главно на малите и средни претпријатија, хоризонтално поврзани со дигиталната и зелената агенда, рече Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ се осврна и на некои од  клучните реформи во Поглавјето „Претпријатија и индустриска политика“ кои ќе помогнат македонските компании да ги достигнат европските стандарди и да бидат конкурентни. Маричиќ ги потенцираше Планот за економски раст и Акцискиот план за индустриска политика, кои се однесуваат на зајакнување на конкурентноста на економијата, интернационализација, иновации и паметна специјализација. Во оваа насока ги спомна и неколкуте стратешки документи, кои ги ставаат малите и средни претпријатија во фокусот почнувајќи од Стратегијата за мали и средни претпријатија 2018-2023, Планот за економски раст, Стратегијата за женско претприемништво и Индустриската стратегија.

Маричиќ посочи дека Стратегијата за малите и средни претпријатија ги содржи 10-те принципи од Законот за мали бизниси, со што се потврдува посветеноста на Владата да ја усогласи политиката за истите со клучните стратешки документи на ЕУ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Маричиќ вели дека колку повеќе се усогласуваме со стандардите и принципите на развиените европски економии, толку повеќе ќе имаме странски и домашни инвестиции, а македонската економија ќе стане поконкурентна и одржлива на конкуренција што ја очекува на меѓународниот пазар.

Како едно од достигнувањата во овој домен Маричиќ го посочи учеството на Северна Македонија во Програмата за единствен пазар 2021-2027 година, укажувајќи дека општите идни планови се да се продолжи со дизајнирање и имплементација на мерки и инструменти на политиката усогласени со принципите на ЕУ во индустриската политика со фокус на малите и средни претпријатија, зајакнување на административните и институционалните капацитети, следење и евалуација на стратегиите и мерките на политиката и понатамошно усогласување со Директивата за задоцнето плаќање.

Утре продолжува скрининг состанокот за „Претпријатија и индустриска политика“, а веќе следната недела продолжува билатералните скрининг агенда со последните поглавја од Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, Поглавје 17, „Европска монетарна унија“ и Поглавје 29, „Царинска унија“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...