spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: 2023 ОЕЦД ГЛОБАЛЕН ФОРУМ ЗА АНТИКОРУПЦИЈА И ИНТЕГРИТЕТ

ДКСК: 2023 ОЕЦД ГЛОБАЛЕН ФОРУМ ЗА АНТИКОРУПЦИЈА И ИНТЕГРИТЕТ

Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на OECD Global Anti-Corruption & Integrity Forum2023, што се одржа во седиштето на ОЕЦД во Париз на 24 и 25 мај 2023 година. Во рамките на Форумот, беше одржана и посебна панел сесија насловена како „Од козметичка усогласеност до ефективна рамка за борба против прекршувањата на интегритетот“, на кој како говорник учествуваше Владимир Георгиев, член на ДКСК.  Панел сесијата беше во организација на CEELI Institute и IFES. Г-дин Георгиев говореше за практиката на ДКСК во однос на следењето и постапувањето по наводи за прекршување на забраните утврдени во Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик, вклучувајќи ги и забраните во однос на финансирањето на изборните кампањи. Исто така ги претстави и механизмите и алатките што ДКСК ги користи за детектирање на овие ситуации но и специјалните извештаи во кои дава препораки за надминување на утврдените системски слабости.

https://www.oecd-events.org/gacif2023/session/bdf24f0e-f5dc-ed11-8e89-000d3a4a8203/from-cosmetic-compliance-to-an-effective-framework-to-combat-integrity-breaches

https://www.linkedin.com/posts/ceeli-institute_we-were-thrilled-to-see-so-many-people-attending-activity-7067874625107456000-DVDN/?utm_source=share&utm_medium=member_desktop

Во рамките на Форумот беа остварени и одвоени билатерални состаноци во седиштата на две исклучително значајни институции во Република Франција што се надлежни за јакнење на интегритетот на службените лица и на јавните институции, а тоа се Високиот авторитет за транспарентност во јавната служба (High Authority For Transparency in Public Life) и Француската антикорупциска агенција (French Anticorruption Agency). На состаноците беа разменети искуствата во однос на превентивните надлежности и активности, националните антикорупциски стратешки документи, постапувањето и проверката на пријавите за имотна состојба и интереси на службените лица, лобирањето, едукацијата и јакнењето на свеста и др.

На еден од состаноците произлезе иницијативата за потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу ДКСК и АФА со што ќе се продлабочи воспоставената соработка помеѓу двете институции.

 







Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...