spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Слободни работни места, прво тримесечје од 2023 година

ДЗС: Слободни работни места, прво тримесечје од 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.91 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.70 % има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.45 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.20 %.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.93 %.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 568, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

 

 

 

 

 

Извор:  Државен завод за статистика 

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...