spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиГрадски паркинг Скопје: Ажурирање на податоци по промена на старите со нови...

Градски паркинг Скопје: Ажурирање на податоци по промена на старите со нови регистарски таблички

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелира до сите физички и правни лица, кои имаат склучено договор за користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта, зони и катни гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека после регистрацијата на своите возила, имајќи го предвид законското решение за промена на регистарските таблички, таа промена веднаш да ја пријават кај службите во канцелариите за односи со корисници во Центар, Аеродром, или Илинден, со цел да се внесат новите податоци во системот на претпријатието.

Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на образецот „Пријава- одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид, а со самото ажурирање на податоците новата регистарска табличка на сопствениците ќе биде внесена во системот за зонско паркирање и системот за затворени паркиралишта соодветно, со што ќе се избегне непотребна санкција од страна на контролните служби при паркирање.

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...