spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Склучени и разведени бракови во Република Северна Македонија во 2022 година...

ДЗС: Склучени и разведени бракови во Република Северна Македонија во 2022 година – дефинитивни податоци

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2022 година, во споредба со претходната година, е намален за 3.4 % и изнесува 12 882 склучени бракa.

Најмногу бракови, 1 851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец ноември, 761 брак или 5.9 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 % за жените и 93.2 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.3% и трет брак со учество 0.5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4 263 или 33.1% кај жените и 4 721 брак или 36.6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2022 година бележи намалување од 17.9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака.

Најмалку бракови, 38 или 2.4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 % во месец март.

Според возраста најголем број на разводи  298 или 18.5 % кај жените и 281 развод или 17.4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години.

Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...