spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Пред представниците на Европската комисија македонски тим успешно ја заврши презентацијата...

АМС: Пред представниците на Европската комисија македонски тим успешно ја заврши презентацијата од “Поглавјето 26 “

Пред представниците на Европската комисија целиот македонски тим успешно ја заврши презентацијата од “Поглавјето 26 “.

Во ова поглавје се вклучени младите и спортот за кои Агенцијата за млади и спорт е надлежна институција.
Успешно ја презентиравме досегашната реализирана програма, а дополнително најавивме што ни е планирано во областа спорт и млади .
Особено ни е драго што Европската комисија имаше можност да слушне за сите наши проекти , за кој бевме пофалени и задолжени да продолжиме со истото темпо на реализација . Агенцијата за млади и спорт останува да се фокусира целосно на младите и спортистите со цел значително да се подобри нивната позиција .

Агенцијата за млади и спорт докажа дека е партнер на младите луѓе и граѓанското општество и покажа дека само преку активна работа и искрена двонасочна комуникација може да се зголеми довербата на младите во институциите, да се зајакне младинската инфраструктура, да се создаде сегашност и иднина за младите. Младите во државата ја препознаваат сегашноста и иднината во Европската Унија, а државата е таа која ги обезбедува нивните перспективи и европска иднина. Националната стратегија за млади 2023-2027 година претставува уште еден исчекор во градењето на политички амбиент кој е насочен кон ослободување на целокупниот потенцијал акумулиран кај младите и негово ставање во функција на напредокот и развојот на целокупното наше општество.
Младите и спортот отсекогаш биле во цврста и нераскинлива врска. Остануваме посветени и максимално ангажирани да го поддржуваме спортот во секој аспект. Без калкулации и го поддржуваме развојот на спортот, обезбедуваме услови за квалитетни спортски можности, градиме партнерски соработки со сите релевантни спортски федерации, институции и организации, поттикнуваме физичко образование и го зголемуваме бројот на младите и граѓаните кои спортуваат и активно спроведуваме политики во таа насока.

Сето тоа ќе биде пресликано во Националната стратегија за спорт, која ќе ги следи и европските регулативи и позитивни пракси и ќе даде правец каде да се движи и развива спортот во наредните години.

Клучен акцент ставаме на трајно и систематско решавање на проблемот со пензионираните спортисти кои без ден работен стаж, без здравствено осигурување и најчесто без алтернативна професија и образование кое го испуштиле градејќи спортска кариера. Овие лица нема бидат заборавени од општеството и преку законско решение, кое што е во завршна фаза, ќе добијат повластени услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата којашто мора да биде обезбедена.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...