spot_img
spot_img

НАЕОП: Јавен повик за учество на форум „Зачекорете во партнерствата за соработка“

Самостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за учество на форум „Зачекорете во партнерствата за соработка“

Најчитано

30 октомври – 5 ноември 2023 година | Виена, Австрија (2 учесници)

 

Да се поддржат првите чекори на потенцијалните апликанти во големите стратешки партнерства, чија цел се иновациите во областа на младите.

 

Цели:

–       Да се истражат суштинските аспекти за проектите за Партнерство за соработка кои се дел од КА2 од програмата Еразмус+ во полето на млади;

–       Да се разберат условите за квалитет на партнерствата за соработка;

–       Примери за вакви проекти;

–       Да се долови врската помеѓу европската младинска работа и структурата на младинската политика на ЕУ;

–       Да се открие што сè е потребно за да се изгради и одржи еднакво партнерство помеѓу организациите;

–       Да се разберат основните правила за изградба на структура на активности, резултати и буџет за проект за Партнерство за соработка;

–       Да се дознае повеќе за алатките што го поддржуваат управувањето со ваквите проекти;

–       Да се запознаат и други младински работници кои се стремат за истражување на проекти за партнерство за соработка и одржлива соработка.

 

Целна група:

–       Овој повик е наменет за младински работници, проектни координатори, лица кои управуваат со проекти и заинтересирани лица кои сакаат да поднесат апликации во КА2 од програмата Еразмус+ во полето на млади

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 30.10.2023 – 05.11.2023

(30.10.2023 е ден на пристигнување, 05.11.2023 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн…)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 12.06.2023 година.

Линк за аплицирање:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/step-into-cooperation-partnerships.11278/

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000