spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Меморандум за соработка со Меѓународниот центар „BRAIN BEE“

Гостивар: Меморандум за соработка со Меѓународниот центар „BRAIN BEE“

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари  потпиша Меморандум за соработка со претставникот на Меѓународниот центар „BRAIN BEE“, Емир Далипи.

Соработката вклучува поддршка за развој и зголемување на образовните можности за деца и млади надвор од рамките на образовните институции, придонес во локалната и регионалната соработка за унапредување на образованието, обезбедување обука и други форми на образование, поддршка во користењето на простори на младински центри итн.

Меѓународното здружение „BRAIN BEE“ ќе даде поддршка за програмите и плановите што ќе се креираат и ќе помогнат во вклучувањето на младите во образованието, науката и иновациите во општината.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...