spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Победник на Фолк Фест Валандово 2023

Валандово: Победник на Фолк Фест Валандово 2023

Во фестивалската сала „Јанко Узунов“ во Валандово, се одржа 36 издание на фестивалот на новосоздадена македонска песна „Фолк Фест Валандово 2023“.

Се натпреваруваа 20 композиции, творени во духот на македонската фолк музика.

За победник на фестивалот е избрана композицијата „Ема Убава“ изведена од Мишко Крстевски, второтопласирана е композицијата „Ни седум неба ни седум гори“ на Елена Андоновска, а за трето место беше избрана композицијата „Букет од сомнежи“ на Анета и група Молика.

Вечерта помина со многу музика и силни емоции. Награда за животно дело постхумно беше доделена на Ѓоко Дончев, за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе.

Ревијалниот дел, беше посветен на виртуозот на харминика и композиторот Милан Завков, во чија чест група изведувачи и негови пријатели музичари изведоа музички омаж.

„Фолк Фест Валандово“, е симбол на нашата заедница и традиција која ја негуваме и надградуваме генерации наназад. Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е дел од нашата идентитетска посебност.


 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...