spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИнформативен ден за твининг

Информативен ден за твининг

Во Центарот за обуки на СЕП се одржа информативен ден за твининг.  На настанот присуствуваа претставници од 20-тина национални институции (министерска, органи на управа и други државни институции).  Настанот имаше за цел да ги информира националните институции за резултатите од користењето на овој инструмент во изминатите 20 години, односно од Солунскиот самит кога беше проширена можноста земјите од Западен Балкан да го користат овој инструмент.

Твинингот оваа година слави 25 години од своето постоење (воспоставен во 1998 година), а во Република Северна Македонија во изминативе 20 години реализирани се 94 твининг проекти во вредност од 81 милиони евра.  Вообичаени партнери на нашата земја се Германија, Австрија, Хрватска, Полска и Италија.

На настанот се обратија Евгенија Серафимовска Кирковски од СЕП, Франческа Сподола, твининг координатор за ИПА земјите во ДГ НЕАР,  Билјана Филиповска Копевска и Благица Атанасовска од Министерството за финансии, централниот сектор за тендерирање и склучување на договори, како и Надица Џерсковска од Фитосанитарната управа и Гианлука Говернатори, резидетен твининг советник во Фитосанитарната управа.

На крај се согласивме дека овој инструмент и понатаму обезбедува воспоставување и негување на стратешки партнерста со земјите членки на ЕУ во подршка на реформите во нашата земја.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...