spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМедиумите се наш партнер во градење европско, слободно и демократско општество

Медиумите се наш партнер во градење европско, слободно и демократско општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на новинари на Македонија и со претставници на меѓународни новинарски организации. На средбата премиерот Ковачевски ја истакна заложбата на Владата за креирање амбиент во државата во кој медиумите ќе ја вршат својата работа професионално и независно согласно принципите на новинарството, ослободени од политички и економски влијанија и притисоци.

Премиерот Ковачевски ја потенцираше улогата на медиумските здруженија, во кои Владата гледа партнери кон натамошно унапредување на медиумските слободи, како со донесениот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета со којшто се гарантира слободата на изразување и со измените на Кривичниот законик, со коишто нападот врз медиумските работници се третира како напад врз службено лице.

На средбата беше истакнато дека Владата има подготвеност да се отвори јавна дебата со која ќе се овозможи разгледување на модалитетите со кои ќе се даде поддршка на плурализмот во медиумите во Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски посочи дека последните релевантни извештаи нотираат дека транспарентноста на институциите се унапредува, а се намалува бројот на случаи на закани и напади врз новинарите и медиумските работници.

Напредокот на државата во слобода на медиумите беше забележан и во мерењата на „Репортери без граници“, каде Северна Македонија, од 118-то место во светот во 2016 година, стигна на 38-то место во светот по слободата не медиумите. Државата само во мандатот на премиерот Ковачевски, се искачи погоре на листата за 19 места за 1 година. Во 2016 година, државата беше на 118 место, од 180 држави. Ова е показател дека Владата има демократски и европски определби, а тоа го покажува со почитување на слободата на говор, транспарентност преку овозможување пристап до информации и почитување на независноста на медиумите.

Медиумите и граѓанскиот сектор имаат значајна улога во развојот на демократијата, а слободата на медиумите е клучна за безбедноста и стабилноста во секоја држава. Во таа насока од големо значење е објективното и професионалното новинарство, како и квалитетен и професионален јавен сервис, со цел точни, непристрасни и навремени информации од значење за граѓаните, особено во делот на процесот на евроинтеграциите на државата.

Владата е цврсто определена кон почитување и примена на европските стандарди во медиумската област, бидејќи тоа значи квалитетно информирани и медиумски писмени граѓани, што е крајна цел и на медиумите и на Владата.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...