HomeМинистерстваМНР: Средба Османи- Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите...

МНР: Средба Османи- Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средба со министерот за надворешни работи на Словачка Република, Мирослав Влаховски во рамки на ГлобСек во Братислава.

Честитајќи му на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи, Османи изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.

“Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен,а нашите граѓани  порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори”, истакна Османи.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија