spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Го враќаме афионот како дел од македонската традиција

МЗШВ: Го враќаме афионот како дел од македонската традиција

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беше во посета на радовишкиот регион. Заедно со претставници од компанијата Био Оил кои се познати по производство на масло од афион, министерот Николовски имаше можност да посети локација на која се одгледува афион.

„Афионот како дел од македонската традиција го враќаме на земјоделските полиња. Преку новиот модел за субвенционирање овозможуваме 6.000 денари како основна мерка, 6.000 денари за остварен принос од 300 кг афионова ќушка и дополнителни 2.400 денари по хектар за зелена нафта. Денеска, заедно со Александар од Био Оил сме во посета на плантажите засадени со афион во село Калуѓерица радовишко. Преку ваквите мерки ги мотивираме земјоделците и го враќаме афионот на листата значајни стартешки култури за кои даваме поддршка“ напиша министерот Николовски во својата објава за социјалните медиуми.

Во рамките на посетата на овој земјоделски регион, министерот Николовски ја посети подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот имаше можност лично да се увери како тече процесот за аплицирање за субвенции. При тоа имаше можност да поразговара со земјоделците кои во тој момент ги поднесуваа воите барања за субвенции и директно од нив да слушне дали и колку се задоволни од работата на министерството и на подрачната единица во Радовиш.

Во тек е поднесувањето барања за субвенции за растително и сточарско производство. Сите заинтересирани можат да се обратат до подрачните единици или да се информираат преку веб страната http://www.e-subvencii.iparda.gov.mk.

Рокот за аплицирање за субвенции за производство 2023, истекува на 30 јуни.

Министерот Николовски заедно со директорот на ЈП Национални шуми, извршија увид во управната зграда на подружницата Плачковица во Радовиш, која е реконструирана за прв пат после 30 години, инвестиција вредна 2 милиони денари. Досега се реконструрани вкупно 13 подружници на ЈП Национални шуми, а во тек е една од најголемите реформи во шумарството за трансформација на ЈП Национални шуми, на која интензивно работиме со поддршка од ЕУ, за поголема ефикасност на ова јавно претпријатие.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте