spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Јавна дебата за новиот предлог Закон за родова еднаквост во Струмица

МТСП: Јавна дебата за новиот предлог Закон за родова еднаквост во Струмица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска организираше јавна расправа за Законот за родова еднаквост во Струмица каде беа поканети сите релевантни чинители, претставници од општината и граѓанските организации како и граѓани на Струмица. Со оваа јавна дебата министерката уште еднаш покажа дека транспарентноста на носењето на закони на Министерството за труд и социјална политика секогаш е на прво место.

 

Целта на јавните расправи е да се слушне мислењето на граѓаните и со тоа да се придонесе кон креирање на текст на законот кој ќе одговара на сите во државата. За време на повеќе часовната јавна расправа министерката ги сослуша сите присутни кои се јавија за збор, додека тимот од министерството ги забележа сите конструктивни коментари. Она што немаше време да биде дискутирано на јавната расправа министерката побара да биде доставено во писмена форма до Министерството за труд и социјална политика и посочи дека сите предлози за измени ќе бидат разгледани и оние кои се конструктивни ќе бидат земени во предвид.

Целта на овој нов предлог Закон за родова еднаквост е да понуди нови можности на заедниците и граѓаните. Законот ги штити основните човекови права и треба да придонесе кон превенирање на родово базираното насилство и да ја унапреди положбата на жената во државата.

Борбата за родова еднаквост како што истакна министерката е започната уште од 1995 година со Пекингшката конференција и изразувањето на заложбите на тогашниот претседател, Киро Глигоров дека ќе се работи на родовата еднаквост и на отфрлање на стереотипите. Министерката посочи дека тоа е насоката по која ќе продолжи да се движи и во иднина по однос на ова прашање.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...