spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Спасовски - Исплаќање бонус плата за вработените

МВР: Спасовски – Исплаќање бонус плата за вработените

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година.

„Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор”, истакна министерот Спасовски, нагласувајќи ја исплатата на претходните бонус плати.

„Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените”, истакна Спасовски

Благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

„Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40%”, истакна Спасовски, додавајќи дека за актуелното раководство на МВР императив е подобрувањето на статусот на вработените во МВР, а во насока на етаблираниот концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, бидејќи веќе покажа одлични резултати во гарантирање на безбедноста на граѓаните и државата и во борбата против секаков вид криминал.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Продолжува соработката со УНЕП во спроведување на политиките за заштита...

0
На денешниот состанок на Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП)...