Денес во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
Овие две мерки заедно со мерките за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаци и за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата се нови мерки кои се реализираат во општина Гази Баба од минатата година, а се во насока на заштита на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.
Извор: Општина Гази Баба