spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Советот го поддржа ребалансот на буџетот за 2023 година

Карпош: Советот го поддржа ребалансот на буџетот за 2023 година

СВо рамки на 29. седница на Советот на Општина Карпош која се одржа денеска во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, членовите на Советот расправаа и полноважно одлучуваа по 27 точки кои се најдоа на дневниот ред. Широка поддршка доби Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година, која произлезе од зголемената дотација на Приходот од ДДВ за износ од 18.252.000 денари и распоредување на пренесениот вишок од минатата година за општинскиот Буџет во износ од 7.699.000 денари и кај блок дотациите за износ од 6.218.000 денари.

 

Во таа насока, промени на износите на одредени ставки има во сите колони во консолидираниот Буџет на општината. Поточно, во колоната на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година има промени во приходниот дел, каде што предходниот износ од 519.372.000 денари се зголемува на износ од 545.323.000 денари. Поради зголемени донации во истоимената колона, сумата од 30.613.000 денари се зголемува на  31.113.000 денари.  Во подпрограмата за одржување на урбана опрема, вкупниот износ е зголемен од 12.500.000 на 13.000.000 денари, поради зголемената потреба за тековно, редовно и уредно одржување на урбаната опрема на територијата на локалната самоуправа. Во подпрограмата за јавно осветлување, износот од 56.000.000 денари се намалува на 47.500.000 денари, поради тоа што се воведува нова развојна програма. Со замена на постоечките светилки со штедливи ЛЕД светилки, се намалуваат средствата за сметки за електрична енергија од планирани 29.000.000 денари на 15.000.000 денари. Логичнио на тоа, средствата за одржување на јавното осветлување се намалуваат од предвидените 27.000.000 на 9.500.000 денари.

подпрограмата Ј40 – Јавна чистота, вкупниот износ е зголемен од 40.800.000 на 41.050.000 денари, бидејќи овие средства се потребни за сервисирање на алатите и машините, со кои се одржува јавната чистота. Се намалуваат средствата наменети за одржување и користење на паркови и зеленила од 6.000.000 на 5.000.000 денари, поради тоа што има доволно предвидени  средства за одржување на парковите и зеленилата, како и системите за полевање и одржување на други хортикултурни содржини.

 

Во подпрограмата ЈЕО – Изградба на простор за паркирање, вкупниот износ од 1.100.000 се зголемува на износ од 1.200.000 денари. Промената е направена од причина што се предвидени повеќе средства за изградба на простор за паркирање.

 

Кај подпрограмата за основно образование, износот од 15.909.000 се зголемува на 22.009.000 денари, поради зголемена потреба за одржување во основните училишта и поради немање на доволно средства за исплата на комунални услуги на основните училишта. Заради зголемената потреба за реконструкција на основните училишта, во подпрограмата за образование (капитални расходи), износот од 6.740.000 денари се зголемува на 7.340.000 денари. Досега предвидениот износ за одржување на детските градинки од 520.000 денари, се зголемува на 1.420.000 денари. Во подпрограмата ВАО –Детски градинки (капитални расходи), износот од 1.200.000 денари се зголемува на износ од 4.400.000 денари, поради потребата за подготвување на проекти за изградба на нова детска градинка.

 

Поради додавање на почетната состојба каде што средствата се распоредени за исплата на комунални услуги,  во колоната на Расходи од дотации, сумата во расходниот дел се зголемува од 529.738.000 на 534.141.000 денари.

 

Со истата динамика беа поддржани и измените и дополнувањата на Програмите за активностите на Општина Карпош  во областа на екологијата и енергетската ефикасност, за уредување на градежното земјиште, за спорт и образование, како и од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2023 година.

 

Со широк консензус беше поддржана и Одлуката за ограничување на престој во дворовите на основните училишта и детските градинки кои се наоѓаат на територија на Карпош. Оваа одлука се носи со цел, поголема заштита на имотот на општината, како и заштита на безбедноста на основците и здравствена заштита на учениците и дечињата од градинките  во однос на хигиено – санитарна состојба во училишните дворови и дворовите на градинките.

 

Притоа, не се дозволува влегување, поминување и престојување со домашни миленици во училишните дворови и дворовите на градинките во ниту едно време од денот. Не се дозволува и користење на спортските терени во дворовите на училиштата од трети лица кои не се дел од воспитно-образовниот процес во училиштето, за време на одржување на наставата. Спортските терени во рамки на училишните дворови се дозволени за користење од страна на граѓаните, по завршување на наставата во училиштата, а најдоцна до 23 часот. Во овој случај, влегувањето во училишните дворови и на спортските терени по 23 часот, ќе се третира како неовластено влегување и престој на територија на училиштето. Исто така, се забранува влез во училишните згради на сите невработени лица, родители, старатели, кои немаат претходно добиена писмена согласност и кои немаат претходна најава кај претпоставените во училиштето, односно кај одговорниот наставник.

 

По конструктивна дебата, беше  поддржана и Предлог – Одлуката за начинот и условите за давање на користење на училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на територија на општина Карпош.

 

„Зелено светло“ од советниците доби и Одлуката за кофинансирање на проекти врз основа на учество во проектот „Зајакнување на општинските Совети 2“. Според оваа Одлука Општина Карпош дава согласност за кофинансирање на оваа проектна активност која е финансирана од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа, а спроведувана и кофинансирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Станува збор за проект којшто е предложен и изгласан   од страна на група граѓани од Општина Карпош во рамки на четирите форумски сесии кои ги организираше локалната самоуправа. Вкупната вредност на проектите (прво и второ рангираниот) се очекува да не ја надмине вредноста од 4.800.000 денари, додека вредноста на кофинансирањето од страна на Општина Карпош да се движи во рамки од 900.000 до максимален износ од 1.200.000 денари. Проектите ќе бидат реализирани по официјално одобрување на апликација од страна на УНДП.

 

Со одлука на Советот на Општина Карпош ќе бидат одобрени финансиски средства во висина од 100.000 денари, по барање на Матицата на иселениците од Македонија за одржување на Научна конференција „120 години од Илинденското востание“. Овие средства  се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош за 2023 година од Програмата за активностите на локалната самоуправа во областа на културата за 2023 година.

 

Мнозинска поддршка од советниците доби и Предлог – Одлуката за утврдување на правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри, во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план. Со оваа одлука Советот на Општина Карпош донесува, односно ги утврдува правилата во процесот на урбанистичкото планирање и примена и спроведување на урбанистичките планови. Имено, почнувајќи од денешниот ден кога е усвоена оваа Одлука на Советот, локалната самоуправа ќе се придржува кон новите правила во процесот на урбанистичкото планирање кои се однесуваат посебно на изградбата и одобренијата за градба во зони на индивидуално домување. Притоа, Одредбите кои се однесуваат на паркирањето, важат и за колективно домување, при што се утврдува дека:

 

  • Општина Карпош нема повеќе да дозволува паркирање со помош на таканаречени платформи, туку исклучиво со рампи и тоа поврзани директно од сервисната улица кои ќе се спуштаат до гаражните места во објектот;

 

  • Општина Карпош нема повеќе да одобрува проекти во кои паркирањето ќе биде прикажано со таканаречени „клацкалки“;

 

  • Целокупното паркирање, за објекти од индивидуално и колективно домување мора да биде планирано под самиот објект. Доколку постои простор за гаражирање во рамките на самата парцела, тој простор нема да се земе в предвид, туку истиот ќе треба да биде резервиран за станарите кои имаат второ и трето возило, како и за гостите кои доаѓаат во предметниот објект.

 

Овие одредби важат доколку во индивидуалниот објект за кој се бара градежна дозвола има повеќе од две станбени единици. Според тоа, локалната самоуправа одлучи да се придржува според следните правила:

 

  • Во урбанистички парцели кои се помали од 350м2 максимум ќе се дозволуваат до четири станбени единици.

 

  • Во урбанистички парцели до 420м2 ќе се одобруваат максимум шест станбени единици.

 

  • Урбанистички парцели кои се поголеми од 420м2 ќе може да планираат максимум осум станбени единици.

 

Овие одредби за паркирање се однесуваат и за колективното домување, односно целокупното паркирање мора да биде во рамки на објектот. Оттаму, евентуалниот простор кој би се нашол надвор од станбениот објект во самата урбанистичка парцела, треба да се предвиди за зеленило и евентуално за паркирање на второто и третото возило од самите станари, како и посетителите кои доаѓаат во објектот.

 

На денешната седница на Советот беше поддржана и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Комисија, за утврдување минимални критериуми, за распишување на јавна набавка за замена на постоечките светилки, со штедливи лед светилки на територија на Општина Карпош. Врз основа на претходно доставеното барање од градоначалникот Јакимовски за номинирање на стручни лица од УКИМ „Факултет за електротехника и информациски технологии“, на предлог на оваа високообразовна институција за членови во комисијата во својство на надворешни стручни лица – експерти од областа се именуваат :

 

  • Проф. д-р Антон Чаушевски, раководител на Институтот за електрични централи и разводни постројки при УКИМ „Факултет за електротехника и информациски технологии“ и

 

  • Проф. д-р Димитар Димитров член на тимот на Институтот за електрични централи и разводни постројки при УКИМ „Факултет за електротехника и информациски технологии“.

 

Во продолжение на седницата, советниците ги изгласаа и Предлог – Решенијата за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во основните училишта во Карпош. Со истата динамика беше поддржана и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за реформирање на Локалниот Совет за превенција на Општина Карпош. Имено, со оваа Одлука во работата на ова тело ќе бидат инволвирани и помошник – командирот на Полициската станица Карпош, како и претставникот од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје.

 

 

Извор:  Општина Карпош

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...