spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Стапуваат во сила трите договори во рамки на Берлински процес

МНР: Стапуваат во сила трите договори во рамки на Берлински процес

Од вчера во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија“, изјави денес министерот Османи.

Да потсетиме дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е избран како депозитар на овие важни договори.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Фетаи повикува на создавање заеднички фронт против криминалот

0
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска повика на создавање заеднички фронт против организираниот криминал и корупцијата. Зборувајќи...