HomeМинистерстваМТСП: Продолжува социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет

МТСП: Продолжува социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.

На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

 

По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок синдикалните организации да го разгледаат предлогот и да достават забелешки или нови предлози до Министерството за труд и социјална политика.

Наредната седница на Економско социјалниот совет ќе биде одржана откако ќе бидат доставени предлозите од синдикатите за Методологија за пораст на платите во јавниот сектор.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија