spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Учество на министерката Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на...

МЖСПП: Учество на министерката Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на  лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“, што вчера и денес се оджува во Тирана, во рамките на подготовка на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година.

Учество на министерката Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“Во духот на зајакнување на регионалното климатско партнерство меѓу земјите од Западен Балкан и Германија во рамки на Берлинскиот процес,  дијалогот на лидерите има за цел да придонесе кон одговорот на прашањето како регионот може да се доближи до единствениот пазар на ЕУ и  да се создадат предуслови за социјално и економски праведен премин од фосилни горива во обновливи извори на енергија и де-карбонизација. Социо-економските шанси упатуваат на ваква далекусежна транзиција при која треба да се постигне енергетска безбедност и независност за Западен Балкан и да им се овозможи на поединците, компаниите и академската заедница да имаат корист од зелената економија преку новите вработувања и иновации.

Очекувано е на настанот да се развие платформа за соработка на високо ниво меѓу владата, приватниот сектор и граѓанското општество во рамките на Регионалното партнерство за климата и да генерира заклучоци и препораки за Самитот на Берлинскиот процес во октомври 2023 година во Тирана.

2Министерката Шукова учествуваше и се обрати на пленумот на високо ниво „Зелената агенда како заедничка мисија – преиспитување на односите- влада -приватен сектор – граѓанско општество“ каде најави дека како држава започнуваме со мапирање на националните акции како одговор на регионалниот акциски план кон Софиската декларација за Западен Балкан.

Ко-домаќини на настанот се Министерство за енергетика и инфраструктура и Министерство за туризам и животна средина на Албанија и Сојузното министерство за економска соработка и развој во соработка со Сојузното министерство за надворешни работи на Германија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте