spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Владата финансиски и технички ќе и помогне на општина...

МТВ: Бочварски – Владата финансиски и технички ќе и помогне на општина Делчево, ќе се санираат штетите направени од невремето

Владата застанува комплетно во поддршка на општина Делчево, на градоначалникот и сите штети што се настанати од невремето ќе ги решиме финансиски и технички со поддршка од Владата, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Делечво. Министерот, заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски, деканот на Градежен факултет проф. д-р Горан Марковски, денеска во општина Делчево се сретнаа со градоначалникот Горан Трајковски и пратеничката Соња Михаилова и извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати регионот.

Градоначалникот Трајковски детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и делчевско да се врати во нормала.

“Сега очекувам да го добиеме извештајот официјално од страна на општина Делчево и на следната седница на Владата да донесеме одлука за целосно поддршка и санација на сите точки во општина Делчево. Се работи за една улица, се работи и за еден попуст на регионалниот пат кој што ќе го санираме и уште еден мост за кој што ќе направиме проектирање со што технички сакаме да ги подобриме инфраструктурните потези на овие места каде што е потребно и при идни вакви или слични појави подобро да функционира инфраструктурата и да не ни се случуваат вакви појави. Она што е јасно е дека Владата застанува комплетно во поддршка на општината и сите штети кои што се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички”, истакна министерот Бочварски.

Тој потенцираше дека и во изминатите денови локалната и централната власт биле во целосна координација со што екипите на ЈП за оддржување на регионални и магистрални патишта помагаа во санација на штетите во Делчево, обезедуваjќи проодност на патиштата.

При увидот на направените штети, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова упати апел до граѓаните да не го фрлаат отпадот во речните корита.

“ Кога зборуваме за вакви појави, апел секако до граѓаните бидејќи многу често при ваквите појави имаме проблем со речните корита. Од аспект на животна средина се замолуваат граѓаните во иднина веќе да не фрлаат отпад во речните корита за речените корита да ни бидат проодни за водите. Ова не се однесува само за речните корита туку и за целата средина каде што живеат, правилно да се постапува со отпадот, за да не би имале проблем кога настануваат вакви проблеми кои што ни ги прави природата, а нејзе не можеме да ја контролираме.“ истакна министерката Шукова.

Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, истакна дека целосниот извештај за критичните точки и потребната рехабилитација на инфраструктурата ќе го достават до Министерството за транспорт и врски очекувајќи брза санација на критичната инфраструктура.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...